Хотел Мизо

Хотелот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата Oхридска чаршија.

Хотелот Мизо располага со отворен базен, приватна плажа, ресторан, приватна марина (платформа), спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал) и сопствен паркинг. Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време.

Секоја соба е опремена со кабловска телевизија, бесплатна интернет врска, телефон, мини бар, сопствен тоалет и тераса.

Престојот е на база на ноќевање со појадок со можност за доплата за вечера. Собите се чистат секојдневно, при што ви се менуваат пешкирите, додека постелнината се менува два пати неделно или по потреба.

Особи Тип Престој Цена Попуст
Двокреветна соба / ББ 4 ноќи 7000 ден. 500 ден.
Двокреветна соба / ББ 7 ноќи 9500 ден. 500 ден.
Двокреветна соба (депандант) / ББ 4 ноќи 7500 ден. 500 ден.
Двокреветна соба (депандант) / ББ 7 ноќи 10500 ден. 500 ден.
Четворокреветен апартман / ББ 4 ноќи 7000 ден. 500 ден.
Четворокреветен апартман / ББ 7 ноќи 9500 ден. 500 ден.

*Цените се прикажани по особа
** ББ = ноќевање со појадок; PO = ноќевање без појадок
*** Попустот важи за сите термини/букирања направени заклучно со 30 Јуни.

Дополнителни информации

Доплата за полупансион = 250 ден. (€4) на ден, по особа

Доплата за еднокреветна соба = 615 ден. (€10) на ден

Попуст за трета особа во двокреветна соба = 30%

Попуст за четврто лице во апартман = 30%

Деца од 0 – 6 Години (без сопствен кревет) = Гратис

Попуст за деца од 6 – 10 години (користи кревет) = 50%

Попуст за деца од 10 - 12 (користи кревет) = 30%