Хотел Инекс Олгица

Хотелот Инекс Олгица се наоѓа на брегот на Охридското езеро, веднаш на патот кон Манастирот Св.Наум, на само 4 км од центарот Охрид.

Хотелот поседува 24-часовна рецепција, два лифта, бар, модерен затворен базен, бесплатен паркинг, бесплатен СПА центар (Турска бања, Финска Сауна), фитнес центар и масажа – Масажата се наплаќа по ценовник. Плажата се наоѓа на само 50 метри од хотелот.

Сите соби поседуваат кабловска телевизија, Wi–Fi, телефон, купатило со туш и тоалет, балкон и минибар. Детските кревети можат да се добијат бесплатно за користење. Помошен кревет се наплаќа 50% за деца од 6-12 години.

Престојот е на база на ноќевање со појадок со можност за доплата за вечера. Појадокот е сервиран во форма на бифе. Вечера имате можност за избор од мени – “à la carte”. Собите се чистат секојдневно, при што ви се менуваат пешкирите, додека постелнината се менува два пати неделно или по потреба. Пешкирите за плажа се добиваат гратис на рецепцијата.

Особи Тип Престој Цена Попуст
Двокреветна соба / ББ 4 ноќи 11000 ден. 1000 ден.
Двокреветна соба / ББ 7 ноќи 18000 ден. 1500 ден.

*Цените се прикажани по особа
** ББ = ноќевање со појадок; PO = ноќевање без појадок
*** Попустот важи за сите термини/букирања направени заклучно со 30 Јуни.

Дополнителни информации

Доплата за полупансион = 615 ден. (€10), на ден, по особа

Доплата за еднокреветна соба = 930 ден. (€15), на ден

Попуст за трета особа во двокреветна соба = 30%

Деца од 0 – 6 Години (без сопствен кревет) = Гратис

Попуст за деца од 6 – 10 години (користи кревет) = 50%

Попуст за деца од 10 - 12 (користи кревет) = 30%