Хотел Гранит

Хотелот Гранит е комфортен хотел изграден во модерен стил, на самото крајбрежје на езерото. Сместен е на самата плажа и е одалечен околу 5 км од центарот на градот.

Хотелот располага со 24-часовна рецепција, големи тераси, два лифта (еден панорамски), 5 барови, надворешен шанк, модерен рекреативен базен – за возрасни и деца и сопствена приватна плажа. Дел од слободното време можете да го искористите во фитнес клубот, салата за пинг-понг, терените за тенис и кошарка или да се релаксирате со професионална масажа.

Собите имаат сателитска телевизија, сефови, Wi-Fi, телефон, купатило со туш и тоалет, француски балкон и минибар. Детските креветчиња можат да се добијат бесплатно за користење.

Престојот е на база на ноќевање со појадок со можност за доплата за вечера. Појадокот е сервиран во форма на бифе. Вечерата исто така се сервира во форма на шведска маса. Користењето на базенот е гратис, со доплата за чадори (50 денари) и лежалки (100 денари по лежалка), како за плажата така и за базенот. Собите се чистат секојдневно, при што ви се менуваат пешкирите, додека постелнината се менува на секој трет ден. Во опцијата ББ пијалокот не е вклучен. Хотелот нуди “All Inclusive” опција, која директно можете да ја договорите во хотелот.

Особи Тип Престој Цена Попуст
Двокреветна соба / ББ 4 ноќи 10500 ден. 500 ден.
Двокреветна соба / ББ 7 ноќи 16000 ден. 1500 ден.

*Цените се прикажани по особа
** ББ = ноќевање со појадок; PO = ноќевање без појадок
*** Попустот важи за сите термини/букирања направени заклучно со 30 Јуни.

Дополнителни информации

Доплата за полупансион = 615 ден. (€10) на ден, по особа

Доплата за еднокреветна соба = 615 ден. (€10) на ден

Попуст за трета особа во двокреветна соба = 30%

Деца од 0 – 2 Години (без сопствен кревет) = Гратис

Попуст за деца од 2 – 12 години (користи кревет) = 50%