Хотел Белви

Хотелот Белви е комфортен, со преубава атмосфера, сместен на крајбрежјето, со своја приватна плажа. Со неговите базени, дополнително на плажата, ви овозможува уникатен престој за вашиот одмор. Се наоѓа на околу 7 км од центарот на Охрид.

Хотелот поседува 24-часовна рецепција, каде гостите можат да изнајмат приватен сеф. Има два лифта, бар, два ресторани, многу зелена површина, голем надворешен базен со екстра детски базен, надворешен бар, одбојкарско игралиште, како и детско игралиште. Со доплата можете да ги користите и тениските игралишта. Како гости на хотелот можете да ги користите лежалките и чадорите на плажата бесплатно на базенот, додека за користење на лежалките на плажата се доплаќа 1 евро на ден.

Сите соби имаат сателитска телевизија, телефон, купатило со када или туш и тоалет, балкон и минибар. Детските креветчиња можат да се добијат бесплатно за користење.

Престојот е на база на ноќевање со појадок со можност за доплата за вечера. Појадокот е сервиран во форма на бифе. Вечера имате можност за избор од мени – “à la carte”. Собите се чистат секојдневно, при што ви се менуваат пешкирите, додека постелнината се менува два пати неделно или по потреба. Хотелот нуди “All Iclusive” опција, која директно можете да ја договорите во хотелот.

Особи Тип Престој Цена Попуст
Двокреветна соба / ББ 4 ноќи 9500 ден. 500 ден.
Двокреветна соба / ББ 7 ноќи 14000 ден. 1000 ден.

*Цените се прикажани по особа
** ББ = ноќевање со појадок; PO = ноќевање без појадок
*** Попустот важи за сите термини/букирања направени заклучно со 30 Јуни.

Дополнителни информации

Доплата за полупансион = 185 ден. (€3), на ден, по особа

Доплата за еднокреветна соба = 740 ден. (€12) на ден

Попуст за трета особа во двокреветна соба = 30%

Деца од 0 – 6 Години (без сопствен кревет) = Гратис

Попуст за деца од 6 – 10 години (користи кревет) = 50

Попуст за деца од 10 - 12 (користи кревет) = 30%